Кинеските одбојкарки во карантин ги започнаа подготовките за ОИ

твитер

Олимписките шампионки од Игрите во Рио де Жанеиро 2016 година, ги започнаа подготвките за настап во Токио под посебни мерки.

Поради епидемија на коронавирусот, кинеските одбојкарки се во целосна изолација со максимални мерки на безбедност. Со овој потег Кинеската одбојкарска федерација се придружува кон протоколот кој го пропиша Олимпискиот комитет на Кина.

Сите 16 одбојкарки и стручниот штаб се наоѓаат во тренинг центарот во Пекинг и се изолирани од останатите жители на главниот град на Кина. Контролите на влезовите и излезите од објектот се максимално ригорозни и посетите се ограничени на само мал број на посетители.

Тренинзите се одвиваат пред медицински персонал кој го следи движењето на секоја одбојкарка но и на членовите на стручниот штаб. Два пати дневно на сите им се мери телесната температура, а дезинфекцијата на опремата е задолжителна по секој тренинг.

Исто така исклучена е климатизацијата во објектот, додека одбојкарките конзумираат овошје и зеленчук за да се засили нивниот имунитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот