Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Експерти од Центарот за јавно здравје во Соединетите Арапски Емирати објавија охрабрувачки резултати од истражувањето на вакцината „Синофарм“.

Вакцината „Синофарм“ е повеќе од 90 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација на луѓето заразени со коронавирус, покажуваат резултатите на студијата спроведена во Абу Даби, пренесува Танјуг.

Властите во Соединетите Арапски Емирати соопштиле дека истражувањето открило значаен пад на стапката на нови инфекции од коронавирус меѓу луѓето кои ја примиле втората доза од таа вакцина во Абу Даби, пишува сајтот „The Nationalnews“.

Студијата, која ја спровела Центарот за јавно здравје во Абу Даби, открила дека поголемиот број на заразени, после добивањето на вакцината, патат од благи симптоми и дека не им било потребно лечење во болница.

Утврдено е дека вакцината е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација, а 95 отсто ефикасна во намалување на потребата за прием на интензивна нега, наведено е во истражувањето.

Според соопштението на Канцеларијата за медиуми Абу Даби, не е забележан ниту еден смртен случај кај луѓе кои ги примиле сите потребни дози од оваа вакцина. Истражувачите тврдат дека имунитетот против коронавирусот најдобро се постигнува со вакцинација и придржување до мерките кои се смислени за да се ограничи ширењето на вирусот.

Студијата исто така потврдила дека имунитетот не е загарантиран после инфекцијата.

Истражувачите рекле дека и ризикот од зараза со вирусот се зголемува како што мутира вирусот, а шансите вирусот да мутира се зголемува со негово ширење.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот