Кина се обидува да ги закрпи дупките на „Евергранд“, воведува данок на имот

Пекинг, Кина/ Фото EPA-EFE/WU HONG

Кина треба да усвои предлог за воведување данок на имот и да ги спречи шпекулативните набавки за да го спречи растот на цените, изјавија во средата експерти од државниот институт.

Пекинг има намера да го скроти растот на цените на недвижностите, пренесува Ројтерс.

Данокот ќе ги зголеми трошоците за поседување недвижен имот, ќе ја ограничи заработката на компаниите за развој на недвижнини, ќе ги одврати шпекулантите и ќе ги олади жешките цени на станбените недвижности кои станаа недостапни за граѓаните со пониски приходи во последните години.

Кина треба да заврши добра работа со пилот-проектите, соопшти Ма Џиантанг, шеф на државниот центар за истражување и развој.

„Становите се користат за домување, а не за шпекулации“, напиша Ма во текстот објавен во „Народен дневник“, официјалниот билтен на кинеската Комунистичка партија.

Државниот институт не е овластен да донесува одлуки и своите предлози за мерки во областа на националниот развој на Кина и нејзината економија ги доставува до официјален Пекинг, потсетува Ројтерс.

Кинеските градови повеќе не смеат да градат „супер високи згради“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот