Кина го лансира вселенското летало „Шенжу-12″, со тричлен екипаж

Кина рано утринава успешно го лансираше вселенско летало „Шенжу-12″ кон својата вселенска станица во изградба, јавија кинеските медиуми.

Вселенското летало носи тројца астронаути до дел од вселенската станица што се уште е во изградба, и тоа ќе биде најдолгиот престој на кој било кинески граѓанин во орбитата на Земјата.

Ракетата „Долг март 2Ф” што го носи Шенжу-12 (Божествен брод) се упати кон модулот на вселенска станица Тианхе од Центарот за лансирање Ликуан, во северозападна провинција Гансу.

„Шенжу-12″ е трета од 11-те предвидени мисии, од кои четири ќе бидат со екипаж, потребни за завршување на првата кинеска вселенска станица, чија изградба почна во април со лансирање на Тианхе, првиот и најголемиот од трите модули.

Астронаутите Неи Хаишенг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45) треба да работат и да останат три месеци во модулот Тианхе, што изгледа како цилиндар малку поголем од градскиот автобус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот