Ким го собра политичкиот врв – Северна Кореја стравува од недостатокот на храна

Северна Кореја, Ким Џонг ун парламент/ Фото: STR / AFP / Profimedia

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун свика состанок со претставници на владејачката партија на кој ќе се разговара за подобрување на економијата и земјоделството, соопштија денеска државните медиуми, откако се зголемија стравувањата од недостиг на храна и појавата на хуманитарна криза.

Меѓународните експерти велат дека несигурноста со храната во оваа изолирана земја се влошила поради санкциите и карантините поради Ковид-19.

Севернокорејскиот лидер вчера го надгледуваше седмиот проширен пленарен состанок на 8-от Централен комитет на Работничката партија за проектите за рурален развој, јави државната агенција КЦНА.

Вообичаено, ваквите состаноци се свикуваат еднаш или двапати годишно, но оваа пленарна седница се одржува само два месеци по претходната, исто така, посветена на земјоделството.

Невообичаената фреквенција на земјоделски состаноци ги поттикна шпекулациите дека Северна Кореја би можела да се соочи со сериозен недостиг на храна.

Во најавата за состанокот во февруари, КЦНА наведе дека „многу важна и итна задача е да се воспостави соодветна стратегија за развој на земјоделството“.

Јужна Кореја во февруари предупреди дека ситуацијата со храната во Северна Кореја се влошила, а официјалните лица во Сеул ја опишаа средбата како де факто потврда за сериозниот недостиг.

Американската програма „38 Nort“, што се фокусира на ситуацијата во Северна Кореја, во извештајот во јануари наведе дека „достапноста на храна веројатно паднала под минимумот за човечките потреби“, а несигурноста со храна е најлоша од гладот ​​во 1990-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот