Ким Џонг Ун: Работиме на развивање и подобрување на надворешните односи

Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска, на третиот ден од Конгресот на Работничката партија на Северна Кореја, изјави дека е неопходно земјата значително да ги подобри врските со светот.

Тој се осврна и на односите со Јужна Кореја, но не прецизира што ќе преземе.

– Општата ориентација и политичката позиција на нашата партија е сеопфатно ширење и развивање на надворешните односи – истакна Ким.

Експертите претпоставуваат дека Пјонгјанг ќе стапи во контакт со Јужна Кореја, а најверојатно Ким сака разговори и со администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

Ким на првиот ден од Конгресот, изјави дека неговиот петгодишен економски план од 2016 година не ги постигнал своите цели во „речиси ниту еден сектор”.

– Стратегијата требаше да биде реализирана минатата година, но целите страшно изостанаа во речиси сите сектори – наведе Ким.

Ким дојде на власт кон крајот на 2011 година, заменувајќи го неговиот татко Ким Џонг Ил.

На Конгресот учествуваат 4.750 делегати и 2.000 набљудувачи, а на фотографиите се гледа дека никој не носи маски, а нема ниту физичка дистанца, за разлика од претходните јавни настани во Северна Кореја.

Досега во Работничката партија на Северна Кореја одржала осум конгреси, а овој е втор за мандатот на Ким. Претходниот Конгрес траеше четири дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот