Километарски колони на бугарско-грчката граница, Срби и Бугари чекаат влез во Грција

Колони возила од три километри имало претпладнево на граничниот премин Промахонас за влез од Бугарија во Грција, објави грчката телевизија „Скај”.

Во поголемиот дел, туристите се од Бугарија и Србија, а во Грција доаѓаат на неколкудневен одмор.

На граничниот премин секојдневно има и претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција, кои прават тестови по случаен избор за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на „Скај”, од 15 јуни кога се отвори граничниот премин, поминале 130.000 државјани на Европската унија и 14.000 државјани на трети земји, а мнозинството од нив се Срби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот