Килијан Мбапе одговори зошто не сака да игра во Англија

Килијан Мбапе/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Без сомнение, името на фудбалерот Килијан Мбапе се очекува да биде главна тема во летниот преоден рок.

Французинот ги игра последните натпревари за ПСЖ откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со Парижаните и ќе замине на слободен трансфер.

Јавна тајна е дека напаѓачот ќе се пресели во Реал Мадрид, чиј тим во неколку наврати се обидуваше да го ангажира, но на крајот не беше постигнат договор.

Во последните години името на Мбапе се споменува за трансфер во некои од англиските гиганти, како Манчестер сити, Ливерпул и Арсенал. Мбапе никогаш не ги криел симпатиите кон својот сонародник Тиери Анри, кој стана вистинска легенда за Топџиите. Токму поради оваа причина многумина веруваа дека Мбапе, исто така, може во одреден момент да заврши во англиската престолнина.

Пред неколку дена, еден навивач на Арсенал реши лично да го праша Мбапе дали нема да тргне по стапките на својот миленик во Англија, но Французинот одговори: „Нема шанси. Таму е многу студено“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот