-2 C
Скопје

Кикиљас: Не загрижуваат мутациите на коронавирусот

Новиот мутиран вид на коронавирусот, откриен во 26 случаи во Грција, беше причина министерот за здравство Василис Кикиљас да свика состанок со претседателот на Научниот совет на Институтот за биомедицински истражувања на Академијата во Атина со претседателот на Националната организација за јавно здравје, како и со професори епидемиолози, и да најави формирање на специјална мрежа за следење на мутациите, јави дописничката на МИА од Атина.

– Навистина, мутациите се едно важно прашање што како разврска нè загрижуваат, истакна Кикиљас по состанокот и рече дека се во постојан контакт со Европскиот центар за превенција и контрола на болести и формираат мрежа за надзор и дијагноза на новиот вид на Ковид-19 „за да има правилна епидемиолошка анализа и Владата да може да донесе соодветни одлуки”.

Прочитајте и...  Анкета: Мнозинството Германци сакаат олеснување на мерките

Претседателот на Научниот совет на Институтот за биомедицински истражувања на Академијата во Атина Димитрис Танос рече дека тие имаат соодветни можности и искуство „за целосно геномско прикажување на различните видови на коронавируси во земјата”.

– Како што знаете, веќе идентификувавме 26 случаи на британската мутација и во овој момент, бидејќи има потреба да се прошири оваа активност, министерот и Владата создаваат мрежа за испраќање на примероците од целата земја до Институтот за биомедицински истражувања, каде што ќе се врши идентификација на вирусот кој потекнува од конкретни области, од конкретни лица, рече Танос. 

Поврзани вести

ВИДЕО | Израел повторно ја гранатира Сирија

Слободен печат

Мицкоски со критики до власта: Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран новозаболени

Слободен печат

Утре започнува пописот на дијаспората

Слободен печат

Од почетокот на пандемијата, повеќе од илјада луѓе починаа во Црна Гора

Слободен печат

ВИДЕО | Километарска колона камиони на граничниот премин Богородица

Слободен печат

Кина се повеќе економски јакне: Ќе падне ли САД од тронот до 2035 година?

Слободен печат

Остави Коментар