Кичеец останува во затвор, Кривичниот суд го одби барањето за прекин на казната

Зоран Милевски Кичеец нема предвреме да излезе од затвор/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд во Скопје го одби барањето за условен отпус на Зоран Милевски Кичеец. 

„Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива“, соопштија од Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека Решението во текот на денешниот ден е испратено до странките во постапката кои имаат право на жалба во рок од 8 дена, преку првостепениот до Апелациониот суд Скопје.

Тој наместо издржување на тригодишната затворска казна за случајот „Рекет“ поднесе барање според кое требаше да му се дозволи тој да работи, за, како што вели да може да ги издржува неговата мајка и петте деца, бидејќи се разведе од сопругата. Но, Судот му го одби ова барање и одлучи дека Кичеец треба да остане во затвор.

Според Управата за извршување санкции, Кичеец треба да го напушти струшкиот затвор на 7 февруари 2023 година.

Освен за случајот „Рекет“ каде е осуден на затвор од 3 години, Милевски доби затворска казна од 6 месеци за сторена тешка сообраќајка. Во сообраќајката која се случи на 4-ти септември кај преминот Стража загина 34-годишниот Евзаљ Селими од гостиварско Долна Бањица, татко на две малолетни деца, а повредени беа и 7 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот