КФОР демантира дека учествувал во преговори за повлекување на Срби од Бањска

Стража пред манастирот во Бањска на Косово - Фотографија ЕПА

КФОР денеска ги демантираше тврдењата од неодамнешниот извештај на Меѓународната кризна група (МКГ) дека учествувала во наводните преговори за повлекување на група „српски борци“ по настаните во селото Бањска минатата година.

„Тоа не е точно. КФОР во ниту еден момент не бил вклучен во наводните преговори“, се посочува во соопштението на КФОР.

Во соопштението се демантираат наводите од извештајот на МКГ дека по настаните во Бањска во септември минатата година, припадници на КФОР преговарале за „повлекување на група српски борци во околните шуми, од каде исчезнале“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот