Експлозија во чешка воена локација што ја користат украински војници за обука, девет војници повредени

Прага, Чешка/Фото: EPA-EFE/Balazs Mohai HUNGARY OUT

Девет војници се повредени во експлозија на чешка воена локација што се користи за обука на украинските војници, соопшти армијата.

Двајца војници се пренесени со хеликоптер во Универзитетската болница во блискиот град Оломуц, околу 200 километри источно од главниот град Прага, изјави портпаролот на болницата Адам Фричер.

„Шестмина се пренесени во армиската болница во Оломоуц со комбиња за брза помош, а еден беше лекуван на лице место“, изјави тој.

Либава, источно од Оломоуц, е местото каде чешката армија ги обучува украинските војници од крајот на 2022 година, по руската инвазија на Украина во февруари истата година.

Според портпаролката на воената полиција Катерина Млинкова повредените „не биле странци“.

Армијата на X рече дека „експлодирала муниција“ без да даде дополнителни детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот