Кендал Џенер ја прослави Новата година со поранешното момче! (ФОТО)
Џенер со славењето со Симонс, ги згасна гласините дека повторно се гледа со едно друго поранешно момче, пејачот Хери Стајлс, но милиони обожаватели збуни и со оваа постапка.
Кендал Џенер (24), една од сестрите Кардашијан-Џенер, новогодишната ноќ ја помина со поранешното момче, НБА ѕвездата Бен Симонс (23) во Филиделфија. Некогашниот пар е виден заедно, а кошаркарот за дочек на 2020 година изнајмил кров од околната зграда на која приредил голема забава.
Бен и Кендал беа во романтична врска скоро цела 2018 година, тие прекинуваа и се смируваа, а последен пат „пукна“ кога манекенката беше забележана со Анвар Хадид (20), братот на славните модели Џиџи (24) и Бела Хадид (23).
Џенер сестрата обично го крие својот љубовен живот од јавноста, но врската со Бен очигледно била доволно озбилна да ја објави јавно и кај Елен Деџенерис (61) во емисија.
Кендал со славењето со Симонс, ги згасна гласините дека повторно се гледа со едно друго поранешно момче, пејачот Хери Стајлс, но милиони обожаватели збуни и со оваа постапка.