Кејн и натаму верува дека Баерн може да ја освои титулата во Бундес лигата

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Хари Кејн, кој има одлична индивидуална сезона за Баерн Минхен, сака Баварците само да ги добијат сите останати натпревари до крајот на сезоната. Капитенот на англиската фудбалска репрезентација до сега има 30 гола во Бундес лигата, но шампионот заостанува 10 бода зад лидерот Баер Леверкузен на девет кола до крајот на кампањата.

– Леверкузен останува фаворит, реалните рејтинзи го покажуваат тоа. Единственото нешто што можеме да го направиме сега е само да победуваме. Имаат фантастична сезона и ние го почитуваме тоа. Се надеваме дека ќе ги добиеме нашите натпревари, а тие можеби некаде да загубат бодови – вели искусниот напаѓач, цитиран од агенцијата АП.

Кејн има вкупно 36 гола во сите натпреварувања во текот на сезоната, што е негова прва во Германија.

Роберт Левандовски, кој го носеше тимот на Баерн Минхен, го држи рекордот за најмногу постигнати голови – 41, во рамките на еден шампионат во Првата Бундес лига. Ова се случи во сезоната 2020-21.

Баварците се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а во сабота на гости во германското првенство се соочуваат со Дармштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот