Ќе чекаат повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот: Швајцарија го одложи одобрувањето на вакцината на „АстраЗенека“

АстраЗенека/ Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Швајцарија не ја одобри вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“, соопшти националниот регулатор на лекови „Свисмедик” и побара повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот пред да ја одобри вакцината за употреба.

Швајцарија, исто така, соопшти дека нарачала милиони дополнителни дози на вакцини против ковид-19 од други производители.

Земјата, која веќе нарача 5,3 милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“, соопшти дека ги чека резултатите од испитувањата во Северна и во Јужна Америка во кои се вклучени десетици илјади луѓе.

– По добивање на резултатите, многу брзо може да се издаде привремено одобрение согласно процедурата за распределба, се вели во соопштението на „Свисмедик“.

Според регулаторот, моментално достапните податоци не даваат основа за позитивна одлука во однос на придобивките и ризиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот