Казнети 64 моторџии за неносење заштитна кацига

Санкционирани се 64 мотоциклисти во текот на вчерашната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли спроведена на територијата на државата.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека 64 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а 33 возеле без возачка дозвола. Тие истакнаа и дека за време на контролата санкционирани се и 145 други видови на сообраќајни прекршоци.

МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот