Кавадарци вечерва тешко дише, загадено и во Битола, Лисиче, Струмица

Загадување на воздухот во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вечерва воздухот во Кавадарци е најзагаден во споредба со другите градови ширум државата со измерени 226 mg/m3, што значи 4 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво (50мг/м3).

По него следуваат и Битола со измерени 179 mg/m3, Кичево со 176 mg/m3 и скопско Лисиче со 165 mg/m3.

Нешто помалку загадени, но длабоко во црвените параметри се Струмица со измерени 164 и Гостивар 151 mg/m3.

фото: Screenshot air.moepp.gov.mk

Инаку, ПМ10 и ПМ2.5 честичките се сметаат за многу штетни за човечкиот организам. Отровниот воздух предизвика околу 250.000 смртни случаи низ Европската унија во 2021 година, објави Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот