Катерина Ацевска освои бронзен медал на Европското првенство во џиу џицу во Франција

фото: Александар Ацевски

Голем успех оствари Катерина Ацевска на Европското првенство во џиу џицу што се одржува во Веркуин, Франција, за У16, У18 и У21.

Македонската натпреварувачка успеа да го освои третото место во категоријата +70 кг (У21).

Ацевска во борбата за бронзениот медал триумфираше со 17:12 против Ана Вираг Дудаш од Унгарија.

Златото заврши во рацете на Виола Фриш од Германија. Сите резултати можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Во истата категорија Ева Димитрова го освои седмото место. На ова ЕП пријавени беа 1170 борци од 31 држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот