фото: скриншот

Катанец поради драматично зголемување на минималната плата: Данска фирма отпушти повеќе од 250 работници во Врање

„Моравме брзо да реагираме на неодамнешните промени и проекции на пазарот на трудот – драстично зголемување на минималните плати“, изјавил извршниот директор на данската компанија „Кентаур“.

Работниците на данската фабрика „Кентаур“ во Врање биле задржани утрово пред портата и не им било дозволено да влезат во фабриката, објави порталот InfoVranjske.rs.

Работниците добиле известување дека е донесена одлука за затворање на компанијата, а нивните лични работи останале внатре.

Работниците на компанијата „Кентаур Балканс“ во Врање утрово добиле известување отпечатено на хартија, во врска со престанокот на работата на оваа фабрика. Станува збор за 250 работници .

„За жал, мора да ве информираме дека е донесена одлука за затворање. Затворањето ќе се спроведе како дел од процесот на ликвидација“, се наведува во известувањето дадено на работниците.

На вработените во компанијата „Кентаур“ им било ветено дека ќе им бидат исплатени плати, неискористен годишен одмор и препораки преку известувањето.

„Моравме брзо да реагираме на неодамнешните промени и проекции на пазарот на трудот – драстично зголемување на минималните плати“, изјавиЛ извршниот директор на данската компанија „Кентаур“, Мие Корг, за порталот „Слободна реч“.

Градоначалникот на Врање изјавил дека не бил информиран за одлуката на компанијата и дека тоа е „неразбирлив“ и „неразумен“ чин.

Тој најави дека локалните власти заедно со државните органи ќе сторат сè за да најдат соодветно решение за ситуацијата, а потоа отиде во партиските простории на Српската напредна партија во Врање за да ја прослави славата на партијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот