Карпош „крпи“ дупки на пешачката патека на Партизанска, иако тоа не е општинска надлежност

Екипи на Општина Карпош денеска ги санираат дупките на пешачката патека покрај булевар Партизански одреди, кај слаткарницата „Палма“, иако, како што вели градоначалникот Стевчо Јакимовски, тоа не е нивна надлежност.

 Осум месеци препраќаме барања до надлежните коишто го имаат правено овој дел, односно санација на канализацијата и водоводот што е правен, меѓутоа осум месеци нема реакција. Еве вистински пример каде Општината работи и троши пари за нешто што не е нејзина работа – вели градоначалникот Јакимовски.

Тој објаснува дека ова се прави на барање на граѓаните кои со месеци реагираат за дупките на патеката долж булеварот Партизански одреди, каде проблем за движење имаат и пешаци и велосипедисти и мајки со колички со деца, особено во вечерните часови.

 Уште еднаш апелирам секој да си ја врши својата работа за да може да функционираме сите заедно, онака како што треба во интерес на граѓаните – вели Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот