Каролина со сопругот ужива во живописната Апулија: Пејачката сподели прекрасни фотографии

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пред две недели нашата поп ѕвезда Каролина Гочева преку своите профили на социјалните мрежи ја информираше јавноста дека, за жал, мора да го откаже концертот во Охрид кој беше закажан за  4 август, затоа што се тестирала и е позитивна на ковид-19.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

По карантинот и прележувањето на вирусот пејачката реши да одмори и да ги наполни батериите за своите следни настапи.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Каролина на својот инстаграм – профил сподели прекрасни фотографии и на своите фанови им откри дека ужива во Апулија, Италија.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Прекрасната област Апулија ја претставува самата „штикла“ на италијанската карта која изгледа на чизма, сместена во јужна Италија, и толку е живописна што изгледа како да е насликана.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Според „National Geographic“ Апулија е на врвот на дестинациите кои треба да се посетат, „New York Post“ ја нарекоа „волшебната Апулија“, а „Lonely Planet“ ја ставија на листата на дестинации кои морате да ги посетите.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Пејачката вчеравечер не почести со фотографии и кратки видеа од ова прекрасно место каде ужива во друштво на нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот