Карла Дел Понте: Уапсете го Путин

Карла дел Понте
Карла дел Понте / Фото: ЕПА

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.

„Путин е воен злосторник“, рече Дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства во Руанда и поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник Le Temps.

Издавањето налог за апсење не значи дека Путин ќе заврши зад решетки.

„Ако остане во Русија, тоа никогаш нема да се случи. Но, тој не можеше да ја напушти земјата и тоа би бил силен сигнал за него дека има многу држави против себе“, рече Дел Понте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот