Карикатурист доби отказ откако го нацртал Трамп како игра голф врз телата на мртвите мигранти (ФОТО) – Слободен печат
ВестиПланета

Карикатурист доби отказ откако го нацртал Трамп како игра голф врз телата на мртвите мигранти (ФОТО)

Карикатуристот вели дека бил под договор и не можело да биде избркан од работа

Канадскиот карикатурист Мајкл де Адер доби отказ од издавачката куќа New Brunswick, откако објави на социјалните мрежи карикатура на Трамп како игра голф врз телата на таткото и неговата ќеркичка, фотографија што го потресе светот.

Карикатуристот Мајкл де Адер објави на Твитер дека добил отказ откако претходни ја објавил карикатурата на американскиот претседател како игра голф врз телата на мигрантот Оскар Алберт Мартинез и неговата 23 месечна ќеркичка, Енџи Валерија, кои се удавија во обид да избегаат пред американската полиција, минувајќи ја границата од Мексико кон САД.

Карикатуристот вели дека бил под договор и не можело да биде избркан од работа, додека од издавачката куќа тврдат дека неговиот отказ не е поврзан со карикатурата на Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close