Каракачанов: Скопје да не се надева на „надворешен“ притисок врз Бугарија

Бугарскиот вицепремиер и лидер на националистичката партија ВМРО, Красимир Каракачанов, денеска изјави дека политичарите во Скопје не треба да се потпираат на надворешниот притисок врз Бугарија за решавање на контроверзните прашања во билатералните односи. „Почитувајте го Договорот за добрососедство, бидете искрени и постапувајте со интегритет е патот за нив – или во спротивно не гледам какво добро може да очекуваат од Бугарија“, рече Каракачанов пред новинарите.

Тој рече „македонската страна нема намера да води отворен дијалог и дека властите продолжуваат да сметаат дека некој, Германија, САД, администрацијата во Брисел, некој друг, ќе изврши притисок врз Бугарија да се поклони“. “Ова се пораките што ги гледам. Се надевам дека не сум во право. Ајде да видиме како заедничката комисија ја завршува нивната работа денес”, рече вицепремиерот додавајќи дека “не очекува чуда од Скопје”.

Тој рече дека доказ за неговите стравови се извештаите дека споменикот на полковник Борис Сарафов, бугарскиот офицер што го организираше Илинденското востание во Македонија бил расклопен и однесен да биде исечен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот