Капитенот на Србија и на Ајакс нападнат од разбојници кои сакале да го ограбат

Душан Тадиќ/фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Капитенот на српската репрезентација и на Ајакс, Душан Тадиќ е повреден во напад на разбојници што се случил пред неговата куќа. Според Хет Парол“, повредите се од полесна природа.

Инцидент се случил на 28 јули по полноќ кога двајца вооружени мажи  кои носеле кациги за да не им се гледаат лицата, го чекале капитенот на Ајакс пред неговата куќа на улицата Ван Егенстраат на Амстердам.

Тадиќ бил нападнат кога излегувал од возилото и се обидел да избега. Потоа дошло до пресметка со напаѓачите, а кога Тадиќ го подигнал визирот на кацигата на еден од напаѓачите, тој му удрил шлаканица.

После тоа Тадиќ се сокрил во ресторан, а напаѓачите побегнале со скутер. Холандски Телеграф напиша и дека на Тадиќ претходно му пришле наводни доставувачи на пица кои секогаш биле во пар и носеле кациги. Инцидентот е пријавен во полиција која тага за разбојниците.

Интересно е што Тадиќ по неколку дена играше против ПСВ во холандскиот Суперкуп, а по мечот нивинарите забележаа мали рани на прстите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот