Капело за Дешамп и Бензема: Истото го направив и јас со Савиќевиќ

Фото: EPA/NICOLAS BOUVY

Светското првенство заврши пред една недела, но светот се уште зборува за тоа што се случуваше во Катар и моментите кои привлекуваа најголемо внимание.

Еден од тие моменти е одлуката на селекторот на Франција, Дидие Дешамп да не го врати Бензема во тимот по неговата повреда.

За оваа ситуација зборуваше и легендарниот Фабио Капело кој застана на страната на Дешамп истакнувајќи дека тој истото го направил со Савиќевиќ во 1993 година пред Интерконтиненталниот куп.

„Дешамп воопшто не погреши што не го врати Бензема, истото јас го направив со Савичевиќ во 1993 година пред Интерконтиненталниот куп. Утрото пред самиот натпревар Дејан дојде и ми кажа дека е здрав и подготвен за натпреварот. Но, јас претходно веќе имав направено тактиката и одлучив со кој состав да играм, секој знаеше што треба да прави.

Откако слушнав што има да ми каже, му кажав дека не е фер кон тимот сега тој да игра. Да, сега се поставува прашањето дали Милан со Савичевиќ или Франција со Бензема би имале уште еден трофеј? Можеби, но тоа сега не е важно“, изјави Капело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот