Капачите на Водици во Охридското езеро ќе добијат пријави

Фото: EPA PHOTO EPA/Georgi LICOVSKI/gl-fob

Полицијата ќе им поднесе пријави на 49 лица кои вчера и покрај забраната на организираното прославување на празникот Водици, го одбележаа со капење во Охридското езеро.

Според МВР вчера кај месноста „Сараиште“ на ул. „Цар Самоил“ во Охрид, забележана била поголема група граѓани кои биле легитимирани од страна на полицијата.

-Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полицајците ги провериле овие 49 лица и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопштија од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот