Камион се преврте на автопатот Демир Капија-Миравци, тешко повреден возачот

Товарно возило излетало од автопатот  Демир Капија – Миравци после тунелот кај месноста викана Јаворица“, синоќа околу 19.30 часот, при што тешко е повреден возачот, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 
-Се работи за товарно возило „волво” со скопски регистарски броеви, управувано од С.Ј. (37) од Скопје. Тешко повредениот возач бил упатен на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, рече Додевски. 
Извршен е увид на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот