Камила Кабело го пронајде својот принц! (ФОТО)

Facebook

Камила Кабело го доби својот принц во филмот „Пепелашка“, пишува seventeen.com.

Популарната млада пејачка ќе ја игра главната улога во модерната адаптација на познатата детска бајка, а во нејзино друштво ќе го гледаме и младиот британски актер Николас Галитзине во улогата на принцот Роберт. Продукцијата треба да започне на почетокот на наредната година, а главната актерка Кабело ќе биде вклучена и во правењето на музиката за филмот.

Галитзине е „многу возбуден што ќе го игра овој лик и потполно спремен да се чувствува неталентирано„ покрај другите избрани имиња за овој филмски проект. Били Портер е избран за кумот, додека Идини Мензел е избрана за ликот на злобната маќеа.

Британецот по пат на социјалните мрежи редовно пишуваше за аудицијата за улогата и не можеше да ја сокрие својата радост откако го одбрале него.

Николас има играно во филмовите „Победата под нозете“ во 2014 година, „Убав ѓавол“ во 2016 година, а глумел и покрај Ума Турман во серијата „Комори“.

Кеј Канон ќе го режира филмор и работи на сценариото за продуцентската куќа „Колумбија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот