Камбекот на Серена Вилијамс прекинат поради повреда на партнерката

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Американката мораше да го откаже полуфиналето на турнирот Истборн затоа што и се повреди партнерката во двојки. Серена на тој турнир се подготвува за настап на Вимблдон

Подготовките на Серена Вилијамс за Вимблдон беа сопрени поради повреда, но не нејзина, туку на нејината партнерка Онс Жабер. На турнирот Истборн каде Амариканката настапува во двојки со Тунижанката, оваа двојка стигна до полуфиналето, по победите над двојките Марија Бускова-Сара Сорибес Тормо и Шуко Аојама – Чанг Хао-чин.

Но, Серена (40) немаше шанса да го продолжи овој турнир што и е подготовка за Вимблдон кој стартува в понеделник. По повредата на Тунижанката, тоа е целата подготовка низ мечеви што Амариканката ќе ја има. Ждрепката за Вимблдон е в петок.

Вилијамс не е натпреварувачки активна од минатото издание на Вимблдон кога се повреди и мораше да се откаже. Минатата недела таа направи сензација објавувајќи дека се враќа. На Вимблдон сезонава таа ќе настапи со вајлд-карта. Серена е моментно на 1.204 место на ВТА листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот