Калиопи откри детали за трагедијата на концертот во Белград: Сите се молевме да се случи чудо

Фото: EPA/JOERG CARSTENSEN

Македонската пејачка Калиопи вчеравечер го одложи концертот во салата „МТС“ во Белград, откако на една жена во публиката ѝ се слоши и за жал почина.

На несреќната жена ѝ беше извршена реанимација, но за жал, неуспешно. Концертот веднаш беше откажан, а наскоро во договор со пејачката и организаторот ќе биде објавен нов датум.

По трагедијата Калиопи се огласи на својот инстаграм-профил каде изрази сочувство на семејството на починатата жена. Во меѓувреме се огласија и организаторите на концертот кои преку јавно соопштение накратко информираа дека концертот е одложен, а новиот датум дополнително ќе биде објавен.

Сега со телефонско вклучување во живо Калиопи даде официјална изјава за овој немил настан, во емисијата „Премиера викенд специјал“, на телевизија „Пинк“.

„Зборувам во името на сите нас кои доживеавме сè што доживеавме синоќа. Ова е најтажниот момент во мојата кариера, навистина. Сè уште сум во шок! Концертот уште не беше ни започнат… имавме преполна сала… а потоа се случи! Кога дознав од организаторот, веднаш се симнав долу да видам што се случува. Во тие моменти, во таа тишина, како сите да се молевме да се случи чудо. Но, тоа не се случи, за жал! Еден живот е повреден од сто концерти… се договоривме дека мора да се одложи, а новиот концерт секако ќе биде објавен подоцна“, изјави Калиопи зво емисијата.

Пејачката објасни и дали ја познава трагично починатата.

„Семејството потекнува од Нови Сад… таму била и нејзината ќерка. Ги чекавме и сопругот и синот кои дојдоа подоцна! Не е точно дека се од Македонија како што пишуваше. Некои пишуваа и дека сум била во полиција, но не бев… тие секако морале да бидат таму на повик“, доде таа.

„Таа е мајка на мој голем обожавател! Најважно е што кога слегов не знаев кој е… концертот дефинитивно ќе беше откажан без разлика дали ја познавам личноста или не. Таа како и сите на тој концерт седна и радосно го чекаше концертот. Можам само да кажам дека многу ми е жал и дека се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Многу сум горда на нашиот народ, кој беше обединет во таа болка..“,  објасни Калиопи во емисијата.

Калиопи прекина концерт во Белград откако почина жена во публиката

Калиопи прекина концерт во Белград откако почина жена во публиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот