Каква „бомба“: Не исчезнала магијата на Франческо Тоти! (ВИДЕО)

фото: твитер

Еден од најдобрите кои што биле дел од фудбалската игра, легендарниот Франческо Тоти (43) одамна се пензионираше, но и натаму останува мајстор.

Во една лига во која играат поранешни фудбалери, настапува и Тоти, а во ремито на својот тим псотигна еден прекрасен погодок кој кружи на социјалните мрежи.

Како активен играч Тоти правеше „чуда“ во дресот на екипата на Рома, неговата „магија“ не исчезнала и годините се само бројка.

Во својата кариера играше само за еден клуб, за римската „волчица“ имаше 619 натпревари со реализирани 250 голови.

Со римскиот тим успеа еднаш да ја освои Серија А, по двапати Купот и Суперкупот на Италија.

Имаше бројни индивидуални признанија најдобрата италијанска репрезентација се закити со светската титула на Мундијалот во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот