Како планира Куман да освојува трофеи без Лео Меси?

Напаѓачкиот учинок на Меси треба да го надополнат сите што ќе играат/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Оваа сезона веројатно ќе биде најчудната за клубот во последните неколку години, но Куман е решен да се бори за трофеи во него, и има план како да го направи тоа.

Барселона, односно нејзиниот тренер Роналд Куман, мора да најде план како да игра и да се бори за титули без Лионел Меси кој кариерата ја продолжи во редовите на ПСЖ.

Шпанската „Марка“ наведува дека Холанѓанецот има јасна претстава што сака од тимот и како да го постигне тоа. Тоа беше јасно и во првото полувреме од натпреварот против Реал Сосиедад, за кој рече дека „Барселона во истиот беше најдобра во последните неколку години “.

Високиот пресинг ќе биде главната карактеристика на играта на Барселона, пишува „Марка“, потсетувајќи дека тимот така играше против Реал Сосиедад и со тоа многу потсети на Барселона од времето на Пеп Гвардиола.

Напаѓачкиот учинок на Меси треба да го надополнат сите што ќе играат. Тој очекува напаѓачите да бидат попробивни и пожестоки, но исто така бара со голови да се истакнат и играчите од средниот ред и одбраната, која е освежена и која се очекува да биде помалку пропустлива, така што играта напред може да биде што е можно послободна од стравот од што ќе се случи позади.

Истиот извор понатаму пишува дека Куман повеќе ќе се потпира на играчи кои не можеле да се изразат со Меси и дека многу се очекува од Филипе Кутињо и воедно очекува многу од младите играчи на кои ќе им се даде можност да ја докажат својата вредност. Се споменуваат Јусуф Демир, Гави и Нико Гонзалес.

Што се однесува до формацијата, холандскиот стратег практикуваше повеќе системи бидејќи сака неговиот тим да биде подготвен да ја смени формацијата за време на играта. Увежбаните формации беа 4-3-3, 3-4-3 и 3-5-2.

Џордан за еден викенд заработи богатство од дресовите на Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот