Како настанал знакот на доларот и зошто се означува со буквата „S“?

Доларот паѓа трети ден по ред/ Фото: МИА

Симбол на „американскиот сон“ и на сета трговска размена, а истовремено обележје на аспирациите и зголемениот капитализам. Користен е и во поп културата. Салвадор Дали овој симбол го направил во бркови, а Енди Вархол го ставаше во оквир со свилена позадина, создавајќи дела кој потоа достигнуваа голема сума на долари.

Своето место овој симбол го пронајде и во електронските знаци на телефоните како лице со знак на долари наместо уста и очи. Сепак, и покрај својата зголема присутност, потеклото на овој знак на парите не е разјаснет, додека теориите одат до бохемиските парички, па сè до трговците од колонијализмот.

Близнакот на доларот, вредниот цент, логично е претставен со малата буква „C“ низ која минува права линија. За разлика од него, во знакот на доларот ја нема буквата „Д“.

Напротив, доларот се обележува со буквата „Ѕ“ низ која вертикално минува буквата „U“, само без долниот полукруг.

Впрочем тоа ја предизвика најголемата забуна при разбирањето на овој симбол, бидејќи не е јасно дали намерата на оваа буква била да се претстават иницијалите на „United States“ (Соединетите Американски Држави), пишува хрватски Индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот