Како на филм: Го нападнала мечка, а тој ѝ го одгризал јазикот

Николај Игрит (29) од Тува, Русија, ѝ го одгризал јазикот на мечката и така се одбранил од нејзиниот напад.

Бизарниот напад се случил во реонот Пиј Хемски на 2 јуни. Николај тргнал со пријателите во шума да собираат рогови од елени, но во моментот на нападот бил сам.

„Кога ја видов мечката, се скаменив од страв. Немав никакво оружје, дури ни нож. Почнав да викам, мислејќи дека така нема да ме нападне, ама мечката се затрча накај мене. Успеав да ја удрам со бокс во главата, ама таа скокна врз мене и ме турна“, раскажува Николај, кој е во болница во градот Кизил.

Мечката почнала да го гризе по стомакот, рацете и главата. Николај во еден момент успеал да ја фати за јазикот и да одгризе дел од него. Животното веднаш побегнало.

Веста брзо се пренела низ Русија, а многумина се посомневале во нејзината вистинитост. Сепак, засега ниту еден влијателен медиум не ја оценил веста како лажна.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот