Како маскарата да не се размачкува во топлите денови?
Маскарата е неизоставен дел од шминката, но во лето може да создаде многу главоболки на оние кои ја користат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Постојат дами кои целосно престанале да користат маскара само поради тоа што им остава црни траги околу очите. Но, едно е сигурно, секој кој сака може да користи маскара и на 40 степени, а важен чекор е начинот на нанесување.
Најпрво, избегнувајте да нанесувате крема или серум за околу очи непосредно пред шминкањето. Направете го тоа барем 20 минути порано. Исто така, потребно е да го „исушите“, односно матирате овој предел од лицето, за да избегнете пренесување на маснотии на трепките.
Маскарата нанесувајте ја најпрво на долните трепки, а потоа преминете на горните, со „цик-цак“ движења. Преку лето, избирајте водоотпорна формула и секако, користете квалитетни производи кои нема да се изронат во делот под очите.


