Како изгледаат вистинските Барби и Кен: Маргот Роби и Рајан Гослинг во новиот „Barbie“ филм

маркот роби рајан гослинг барби
Фото: Принтскрин / Instagram

Филмската куќа „Warner Bros“, продукцентската куќа „LuckyChap“ и матичната куќа на легендарните кукли „Mattel“ се здружија за конечно да создадат филм за иконичната кукла Барби. Но покрај неа нема да изостане и нејзиното добропознато момче Кен – а сега се знае и кој ќе влезе во неговата улога.

Иако до сега многу малку се знае за филмот, она што е откриено е дека „вистинската“ Барби ќе биде Маргот Роби, а конечно се дозна и кој ќе биде нејзиното момче Кен на екранот – актерот Рајан Гослинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@barbie)

Со оглед на фактот дека за филмот за Барби се зборува со години, конечно се отвори простор за Гослинг да се придружи на екипата која конечно би требало да започне со снимање следната година. Густиот распоред на Рајан е моментално исполнет со активности околу снимањето на филмот „The Gray Man“со Крис Еванс, на кој воедно е и продуцент, а ќе ја има својата премиера во 2022 година.

Се знае и дека режисер на филмот ќе биде Грета Гервиг, која воедно ги работеше и „Little Woman“ и „Ladybird“. Партнерот на Гервиг, продуцентот Ноа Баумах се јавува како коавтор на сценариото.

Филмот иако по жанр ќе биде комедија, ќе носи голема одговорност како прво филмско претставување на култната кукла која веќе повеќе од шест декади се едни од најпознатите, но и најважни кукли на светот.

Барби низ годините имаше значително влијание на социјалните вредности со тоа што ги промовира карактеристиките на женската независност, а со слободата на стилизирањето идеализира можност и мотивација за живот на повисока нога.

Во последните децении Барби се обиде пореалистично да ги прикаже карактеристиките на што широк спектар на жени, како и останатите нејзини пријатели, и почна да ги отсликува со различни форми на тело, боја на кожа, социјални групи, недостатоци или инвалидитети, славејќи ја различноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@barbie)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот