Како гледаат новородените бебиња: Нивната перцептивна меморија е многу интересна

бебе/Инстаграм
бебе/Инстаграм

Едно време, многу беше популарна фотографија со фустан за кој се расправаше дали е бел, златен, син или црн. Сите имаа различна претпоставка и перцепција, или единствено око.

Да можеа бебињата да зборуваат, веројатно и тие би имале аргументи околу нештата што ги гледаат, иако бебешкиот мозок во развој и мозокот на возрасните функционираат на различен начин кога гледаат слики.

Според статијата објавена во „Scientific American“, ние возрасните имаме развиена константна перцепција, а бебињата помали од пет месеци немаат. Видот им се развива месец по месец, а низ перцептивната константа можат да препознаат различни форми, силуети или опкружување во различни услови на осветлување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cute Baby (@cutee.babiesss)

Научниците проучувале 42 бебиња на возраст од три до осум месеци, кои гледале во слики од вистински 3Д премети.

Бидејќи новородените не можат да опишат тоа што го гледаат, научниот тим мерел според тоа колку долго бебето се задржува на фотографијата. Ако бебето гледа помалку време во едната слика од другата, значи дека мисли дека ја видело веќе таа фотографија и не треба долго да ја гледа. Но, ако бебето ја гледа втората слика со ист рок како и првата, тоа значи дека и обете фотографии ги смета за занимливи, и за него и едната и другата фотографија се еднакво „нови“. Интересна перцепција, нели?

„Губењето на осетливоста за информациите и нивните варијанти кои сме ги доживувале како бебиња ни имаат создадено непристапен јаз меѓу нас и физичкиот свет. Во исто време, во склад со нашата перцепција и нашата околина, овој тип на спознание ни создава ефикасна и успешна навигација, дури и ако дел од реалноста останува засекогаш надвор од нашиот опсег“ – вели професорката Сузана Мартинез – Конде, во статијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот