Како да престанете со јо-јо диети еднаш-засекогаш?

диета
Flickr

Да се изгубат неколку килограми и не е толку тешка работа. Всушност, најтешкиот дел од една диета и режим на вежбање е да се одржи постигнатата сакана цел.

Кратките диети кои ветуваат губење 4-5 килограми за една недела се екстремни, но краткотрајни, а потоа може да се случи враќање на двојно повеќе.

Така влегуваме во еден јо-јо циклус во кој постојано губиме и враќаме една иста тежина, со варијации од еден до два килограма.

Но, постои голема разлика меѓу обична јо-јо диета и трајно решение за губење тежина со цел општо добро за себе.

Наместо да се фокусирате на бројките на вагата, потребно е да создавате здрави и пристојни навики и примерно да се однесувате кон своето тело. Наместо да се измачувате со тие 2-3 сантиметри во обем, мислете дека со правилен режим на исхрана ќе можете да губите килограми и да бидете здрави. Ќе ви одземе повеќе време, но она што е сигурно е дека резултатите ќе бидат долготрајни.

Со диетата почнуваат многу проблеми. Ако сте нестрпливи и сконцентрирани на крајнат цел, тогаш ќе се форсирате со екстремни методи во текот на целиот процес. За да видите напредок, гледајте на тоа како на доживотен пат благодарение на кој ќе бидете дисциплинирани кон себе и ќе придонесете за сопствената добра општа состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот