Како да го држите холестеролот под контрола

Фото: Профимедиа

Општо правило е дека секој над 30-годишна возраст би требало да си го мери крвниот притисок при секоја посета на лекар, а сите со наполнети 40 години, би требало да имаат превентивен систематски преглед, вели доктор Рос Волкер, кардиолог и автор на книгата „The Five Stages of Health“.

„Ако никогаш не сте си го провериле нивото на холестерол, никој во семејството немал срцев удар пред 60-тата година, никогаш не сте пушеле и не сте дијабетичар, тогаш со 40 години, би требало да ги измерите холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта.“

Според д-р Волкер, дури и ако имате зголемено ниво на холестерол, не треба задолжително да почнете со лекови. Според него, не му треба секому агресивно намалување, особено затоа што статините можат да имаат долгорочни нуспојави. Ако имате 45 години и лекарот сака да ви препише статини, прво измерете го нивото на калциум во коронарните артерии. Ако е ниска или минимална, холестеролот не е проблем.

Холестеролот, триглицеридите и нивото на шеќер во крвта треба да ги проверите и порано доколку имате ризик од срцеви болести, како висок холестерол, висок крвен притисок или семејна историја на срцеви болести.

Исхраната и вежбањето можат да го поправат нивото на холестерол и до 20 отсто. Губењето на тежината, ако е потребно, би можело да го подобри вашето здравје за само шест недели.

Доктор Волкер на сите им советува пет клучни работи за подобрување на начинот на живот.

Без зависности. Не можете да бидете здрави, а и натаму да пиете, пушите или да земате дрога. Мора квалитетно да спиете, да јадете квалитетна храна и воопшто, да внесувате помалку храна. Треба да вежбате помеѓу три и пет часа неделно. Обидете се подобро да се справувате со стресот и да бидете среќни. Се покажало дека тие пет нешта го намалуваат ризикот од сите болести во просек помеѓу 60 и 70 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот