Кај беровчанец пронајден динамит

Фото: МВР

Полицијата го лишела од слобода 63 годишниот Б.Б од беровското село Митрашинци откако во неговиот дом бил пронајден динамит.

„Денеска (05.09.2023) во 06 часот во с.Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63) во с.Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил“, информираат од МВР.

Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот