ВИДЕО | „Кафето е горко, ама ти си сладок“: Лиде на Венко со нова песна посветена на министерот за здравство

Instagram - youtube
Instagram - youtube

„Ти пиеш еспресо, јас макијато, на кафе ќе поминеме премногу јако. Кафето е горко, ама ти си сладок…“, се дел од стиховите на новата песна на „Лиде на Венко“.

Македонската јавност Лиде Лиле ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.

Девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја позната како Лиде Лиде или Ретро Лиде, денес на својот официјален ЈуТјуб канал објави нова песна со наслов „Ало Министре“.

Лиде и овој пат се потпишува како авторка на текстот, а новиот хит е во аранжман на Стевче Јаневски.

Видео спотот е снимен со мобилен телефон и истиот е пародија на повеќето актуелни музички спотови, стои во описот под видеото кое е објавено на официјалниот ЈуТјуб канал на Лиде.

Имено, Лиде долго време беше редовна во делот за коментари на бројните прес – конференции на министерот, а притоа честопати инсистираше на средба со министерот Филипче. Средбата неодамна се оствари, но без кафе, само запознавање и фотографирање.

ФОТО | На Лиде Лиде конечно ѝ се исполни желбата: Го запозна министерот за здравство Венко Филипче

ВИДЕО | Лиле Лиде сними песна посветена на министерот за здравство: „Лиде на Венко“ е новиот хит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот