Кадетите и јуниорите ги дознаа ривалите за ЕХФ шампионатите 2020

Кадетската машка ракометна репрезентација денеска на извлекувањето во ЕХФ канцелариите во Виена ги доби своите противници за М18 ЕХФ шампионатот што ќе се одржи во Скопје во период од 17-23 август, ќе учествуваат осум репрезентации поделени во две групи по четири репрезентации.

Македонија имаше привилегија да одбере во која група ќе настапи на М18 ЕХФ Шампионатот, ја одбра групата А во која ќе се сретнат против репрезентациите на Полска, Естонија и Грција.

ЕХФ М18 Шампионат во Македонија:

Група А: Полска, Македонија, Естонија и Грција

Група Б: Швајцарија, Украина, Грузија и Босна и Херцеговина

Победникот на М18 ЕХФ Шампионатот обезбедува директен пласман на ЕХФ ЕУРО М18 и ЕХФ ЕУРО М20 во 2020 година.

Јуниорската репрезентација на Македонија, денеска на извлекувањето во ЕХФ канцелариите во Виена ги доби противнците во групата за М20 ЕХФ Шампионатот што ќе се одржи во Латвија, во периот од 03 до 12 јули во 2020 година.

Јуниорската репрезентација е во групата Б заедно со репрезентациите на Белорусија, Луксембург, Бугарија и Косово.

ЕХФ М20 Шампионат во Латвија:

Група А: Романија, Турција, Грузија, Латвија, Велика Британија и Белгија

Група Б: Белорусија, Македонија, Луксембург, Бугарија и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот