Јужна Кореја потврди: Сон се степал со соиграч пред полуфиналето на Азискиот Куп

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Јужна Кореја доживеа дебакл и голем неуспех со поразот од Јордан во полуфиналето на Азискиот Куп, а сега се открива дека првата ѕвезда на репрезентацијата, Сон Хонг-Мин имал физичка пресметка со помладиот Канг Ли.

Во таа пресметка Сон го повредил прстот, но и поктај тоа двајцата беа во тимот кој беше поразен во полуфиналето.

Инцидентот го потврдија од Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја изнесувајќи и детали, причина за расправијата бил пинг-понг.

„Се се случи вчерта пред натпреварот против Јордан. Сон реагираше бурно откако најмладите репрезентативци, Канг Ли, Ву Сеол и Ву Јонг одлучија побрзо да ја завршат вечерата и да играат пинг-понг. Разочаран што пред така важен натпревар се нарушува единственото во тимот, а тројца млади играчи галамат додека се уште не се завршила вечерата, Сон се обиде да ја прекине играта, меѓутоа тие не го послушаа. Сон го фати Канг Ли за врат, а играчот возврати со тупаница“, објавија од Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот