Јувентус подготвен да го продаде Арон Ремзи

фото: твитер

Велшанецот поради пандемијата на коронавирус ќе биде помеѓу првите кој ќе го напушти италијанскиот шампион.

„Старата дама“ е подготвена да го продаде велшкиот репрезентативец кој дојде во Торино пред една година.

Како што ексклузивно дознава британскиот „Дејли Мејл“, Арон Ремзи поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус ќе биде помеѓу првите кој ќе го напушти италијанскиот шампион.

Изворот пишува дека Јуве сака да ги намали трошоците за плати и наскоро се очекува да се раздели со Велшанецот.

Поради истата причина, се шпекулира дека дури и најголемата ѕвезда на екипата, Кристијано Роналдо можно е да си замине ова лето.

Во текот на својата кариера ги бранеше боите на Арсенал, а минатото лето како слободен агент се пресели во Јувентус и поради тоа има висока плата од 400.000 илјади фунти неделно.

Се шпекулира негово враќање во Премиер лигата, односно интерес покажуваат екипите на Њукасл и Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот