Роналдо ова лето ќе го напушти Јувентус?

фото: твитер

Уште во текот на минатиот месец започнаа приказните за незадоволството на Португалецот во клубот од Торино.

Португалскиот фудбалер би можел да се раздели со „Старата дама“ на крајот од натпреварувачката сезона 2019/2020, информира „Радио Росонера“.

Кристијано Роналдо (35) дојде во Јувентус од Реал Мадрид во 2018 година и досега на натпреварите реализираше 53 голови во 75 натпревари.

Можно е поради пандемијата на коронавирус екс играчот на Манчестер јунајтед наскоро да го напушти италијанскиот шампион, иако важечкиот договор му истекува на 30 јуни 2022 година.

Уште во текот на минатиот месец започнаа приказните за заминување на Португалецот од Торино, за да може клубот да го олесни финансискиот товар поради кризата предизвикана од Ковид-19.

Сето ова се сведува само на шпекулации, само колку потсетување Јуве за неговите услуги плати 117 милиони евра, не е познато кои клубови би можеле да бидат опција за Роналдо, доколку навистина дојде до разделба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот