Јунајтед сака да го искористи хаосот во Челси и да му го украде тренерот?!

Менаџерот на Челси, Томас Тухел/ фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Управата на Манчестер јунајтед од денеска има нов фаворит за менаџерската позиција за следната сезона, тоа е актуелниот стратег на Челси, Томас Тухел.

Во Челси е хаотична ситуацијата откако владата на Обединетото Кралство му ги замрзна целиот имот на Роман Абрамович поради што клубот не може да функционира нормално.

Челси ќе добие специјална дозвола за настап во Премиер лигата, но поради санкциите на Абрамович, нема да може да купува и продава играчи, а тоа значи дека фудбалерите на кои им истекува договорот на крајот од сезоната ќе можат да си заминат од „Стемфорд бриџ“, а можно е да бидат продадени одредени фудбалери за да се соберат пари за функционирање на клубот.

Тој момент наводно сака да го искористи Манчестер јунајтед и конечно на клупата да донесе елитен менаџер во Томас Тухел. Германецот минатата сезона со Челси триумфира во Лигата на шампионите и сигурно е дека би бил идеално решение за клупата на „црвените ѓаволи“ кои оваа сезона играат очајно иако го сменија Оле Гунар Солскјер и на негово место го донесоа Ралф Рангник.

Весниците „Телеграф“ и „Мирор“ пишуваат дека Јунајтед сè уште нема потпишано договор со ниту еден менаџер за следната сезона, а како можни решенија се споменуваат Ерик тен Хаг од Ајакс и Маурисио Покетино кој се наоѓа пред отказ во ПСЖ, но доколку постои можност да се дојде до потписот со Тухел, тогаш Германецот е главен фаворит да ја води екипата од следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот