Јунајтед одби пет понуди за Хари Мегваер – останува на „Олд Трафорд“
И покрај големите шпекулации за негова можно заминување, Хари Мегваер ќе остане дел од Манчестер Јунајтед и оваа сезона. Искусниот англиски дефанзивец доби конкретен интерес од пет различни клубови – три од Премиерлигата и два од Серија А – но „црвените ѓаволи“ решија да ги одбијат сите понуди.
Препорачано
Иако неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, и засега нема индиции за продолжување на истиот, клубот е дециден дека нема намера да се раздели со Мегваер, барем не ова лето. Причината најверојатно лежи во желбата на тренерот да задржи искуство и длабочина во одбраната, особено по заминувањата и повредите кои ги следеа последните сезони.
Мегваер моментално заработува 220.000 евра неделно, што го прави еден од најплатените дефанзивци во лигата. И покрај тоа што беше критикуван за некои од настапите, и го изгуби капитенството минатата сезона, сепак останува ценет поради неговото искуство, физичка стабилност и односот што го има во соблекувалната.
Оваа одлука може да значи и нова шанса за 32-годишниот стопер да се избори за подобра минутажа и повраток на старото ниво, особено во период кога Јунајтед се обидува да гради стабилна и конкурентна екипа за сите фронтови.


