ЈП „Градски паркинг“ го зголеми бројот на паркинг места за лицата со попреченост во Клиничкиот центар

Фото: Град Скопје

Екипи на ЈП „Градски паркинг“, по иницијатива на Град Скопје, а во соработка со екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве го зголеми број на паркинг места за лицата со попреченост и ги обновуваат постојните во кругот на Клинички центар.

– На Универзитетска клиника за детски болести обновени се паркиралиштата за лицата со попреченост, а обележани се и нови места за овие лица на Универзитетски стоматолошки клинички центар, Ургентен центар, како и кај Инфективната клиника. Градот Скопје континуирано работи и реализира голем број активности за подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на лицата со попреченост – стои во соопштението од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот