Јовиќ ги искористи Барселона и Реал

EFE/RONALD WITTEK

Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид се откажаа од намерата да го ангажираат Лука Јовиќ бидејќи се чувствуваат измамени од неговиот менаџер и од Ајнтрахт. Според весникот, менаџерите на Јовиќ но и самиот клуб Ајнтрахт Франкфурт, намерно ги споменуваа шпанските екипите како заинтересирани за напаѓачот за да можат да извлечат што повеќе пари.

Токму поради ваквите нечесни игри, и Барселона и Реал
Мадрид го известиле Ајнтрахт дека немаат намера да преговараат за купување на Јовиќ.

„Спорт“ пишува дека, Барселона две години го следела игрите на српскиот репрезентативец, и подготвила понуда тешка 50 милиони евра. Но откако пред еден месец и  Реал Мадрид влезе во трката, обесштетувањето кое германскиот клуб го бара за Јовиќ го крена на 80 милиони евра, што беше знак за Барселона да се повлече од трката.

Од друга страна, Реал Мадрид одржал неколку средби со менаџерите на Јовиќ, но и тука била иста приказна, „кралскиот“ клуб не сакал да биде уценуван и затоа и тие се откажаа од идејата да го купат младиот напаѓач.

Со откажувањето на шпанските екипи, во игра останаа уште само две екипи, Баерн Минхен и ПСЖ кои сè уште не доставиле никаква понуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот